По завршувањето на финалето на Светското првенство У20 беа прогласени најдобрите поединци на турнирот. Па така наградите заминаа во три различни репрезентации.

НАЈДОБАР ГОЛМАН: Андреј Лунин (Украина). Голманот на Реал Мадрид остави добар впечаток, а пропушти само еден меч на овој турнир. Сепак, ги покажа своите квалитети и покажа зошто мадридскиот великан го донесе во своите редови

НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР: Ли Кангин (Јужна Кореја). Обично најдобрите играчи на турнирите доаѓаат од страната на победникот, но исто како и на сениорското Светско првенство (Лука Модриќ) и на младинското носителот на „златната топка“ доаѓа од Кореја, а тоа е играчот на Севиља Ли Кангин. Неговиот ефект на СП е еден гол и три асистенции.

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ: Ерлинг Халанд од Норвешка со девет гола, сите ги даде во победата над Хондурас (12:0) во групната фаза. Подвиг кој тешко дека некој ќе го достигне во брзо време.