Изаир Емини не е веќе фудбалер на Шкендија. Она што СПОРТМЕДИА го најави уште минатата недела, синоќа тоа и се оствари. Искусниот напаѓач, откако му истече договорот, не успеа да се договори си шампионот за продолжување на истиот и сега најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Косово, во тимот на Дрита Гњилане.

Инаку тој оваа одлука ја соопшти преку својот официјален ФБ профил, притоа им се заблагодари на фановите на поддршката. Покрај Емини од таборот на Шкендија си заминаа и Фазли, Тодоровски, а се очекува тоа да го сторат уште неколкумина. Ова значи дека Шкендија сега може слободно да ги донесе сите оние имиња за кои се шпекулираше во изминатиот период како можни засилувања.