Сега веќе екс-тренерот на европскиот првак Вардар, Роберто Гарсија Парондо, вториот Шпанец кој како анонимус дојде во „црвено-црните“ редови, а како шампион си оди од Скопје во интервју за СЕХА-лигата ги сподели своите последни мисли и емоции поврзани со Вардар, Скопје и Македонија…

„Тажен сум што си заминувам. Многу размислував за мојата одлука, но треба да си одам. Играчите знаат на што мислам и како се чувствувам и дека имавме одлучувачка соработка. Не сакам да го сменам тоа чувство… Им благодарам на сите кои работат во Вардар и на сите кои ме поддржуваа. Минав две прекрасни сезони во Вардар. Моето семејство не сакаше да замине, убав им е животот тука…Многумина ми заблагодаруваат, но би сакал да им заблагодарам јас на нив.. Скопје ќе ми остане во срцето“, вели Парондо во интервјуто.

Целосното интервју со Роберто Гарсија Парондо може да го прочитате ТУКА.