Селекторот Брестовац не го криеше своето задоволство од победата над Грција.

„Не почнавме добро, имавме неколку зицери утнати, во првиот дел вупно десет, но затоа водевме со два разлика, ни недостигаше и Борко. Во вториот дел беше подобро, ја контролиравме играта и резултатот. Јас сум пресреќен, презадоволен. Беше тешко да се игра, теренот беше одлично подготвен, но беше тешко да се седи на клупата а камоли да се игра. Јас им честитам на момците, го издржаа овој пекол и затоа сум пресреќен и презадоволен. За овие четири меча мислам дека дадов она што знам, колку што знам“ изјаво селекторот Брестовац.