Холандската легенда Руд Гулит стравува дека неговиот поранешен клуб Челзи ќе направи голема грешка со назначувањето на Френк Лампард за нов менаџер на тимот. Претходно денеска, Маурицио Сари официјално го напушти клубот за да го преземе италијанскиот шампион Јувентус. Поранешниот играч од средниот ред Френк Лампард, кој сега е менаџер на Дерби, е фаворит за ова место.

„Видете, Френк Лампард се уште нема вистинско тренерско искуство. Важно е Челзи да назначи личност на која може да се потпре. Мислам дека раководството ќе го стори токму тоа. Јас, исто така, се надевам дека новиот менаџер ќе ги искористи вистинските луѓе околу него за да помогне. Многу е важно да не се направи грешка. Важно е да имате личност во тимот со искуство”, вели Гулит.