Претседателот на ракометната федерација Живко Мукаетов, не ја криеше својата радост по освоеното прво место во групата.

„Да, нема крај на сите овие радости. Овие момци се заслужни за се ова што се случува. Многу сум среќен што еве квалификациите ги завршуваме со две победи по ред, што сме први во група и сега сме тоа што сакавме да бидеме за ждребката, а тоа е да бидеме носители во група на ЕП. Ова е добра комбинација на младост и искуство, тоа е една репрезентација која од натпревар во натпревар расте и јас сум многу среќен што можеме да очекуваме блескава иднина од овие момци“.