Грција нема да види ЕП, барем не од лице место. Полошо сценарио не можеше да им се случи на ракометарите на оваа репрезентација, нивниот пласман на едно континентално натпреварување зависеше токму од Македонија.

Им се случи вистински нокдаун во Струмица, со солзи во очите и неверување ја напуштија салата „Парк“, нивниот сон заврши токму во Македонија…Овој пораз ќе го паметат долго време, нашите момци не дозволија да се случи она сценарио во Кожани одиграа машки, борбено знаеја колку сите го посакувавме ово триумф.