Вардар е бред за кој зборува целиот свет. Она што македонскиот првак го направи во изминатите години е голем сон на многу поголеми екипи.

Подобар амбасадор од европски и регионален шампион дефинитивно нема. Сите оние кои биле дел од овој тим и по разделбата честопати можеме да ги видиме во дрес или маичка на Вардар.

Дел од ракометарите своите дресови ги подаруваат на своите најблиску пријатели или фанови. Рожерио Мораес кој од следната сезона ќе го гледаме во составот на Веспрем на својот „Инстаграм“ профил сподели интересна фотографија, дресот на Вардар го видоа дури и во Мароко.