Наполи денеска го купи колумбискиот голман од екипата на Арсенал, Давид Оспина. Веста ја објави еден од најпознатите спортски новинари во Италија, Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, италијанскиот клуб ја користел опцијата во откуп на права на фудбалерот за 4 милиони евра.

Минатата сезона, 30-годишниот Оспина играше за Наполи на позајмица и имаша анекс во договорот со кој наполитанците можеа да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната. Наполи тоа го искористи, по што Колумбиецот кој имаше 17 настапи за Наполи минатата сезона, сега и официјално е играч на тимот од „Сан Паоло“.