По победата над Грција и обезбедениот пласман на ЕП, нашиот пикер Жерко Пешевски на својот Фејсбук профил објави специјална посвета за оние кои денеска не беа во салата „Парк“ во Струмица поради повреди. Стоилов и Манасков немаа можност да го одиграат овој меч, но оваа победа е за нив, порача нашиот корпулентен кружен напаѓач.