Втор пораз на вториот пријателски меч за нашата женска фудбалска репрезентација. Имено денеска во Охрид репрезентацијата на Македонија загуби од Албанија со 3:1.

Да кажеме и тоа дека во првиот дел нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова не реализира најстрога казна, пенал. Тие во првите 45.минути гостинките поведоа со 2:0. Во второто поувреме беше и 3:0, но Гентјана Рочи успеа од белата точка, тоа беше втор пенал за Македонија, да ги постави конечните 3:1 за Албанија.