Никола Митревски од меч во меч воодушевува, македонскиот репрезентативец веќе долго време царува на мрежата. По завршување на дуелот со Грција имаше болки, левата дланка мораше веднаш да ја стави во мраз. Го прашавме што му е, тој кратко искоментира.

„Нека боли, не е важно тоа, најважна е Македонија и победата над Грција“.