Италијанските медиуми, откако и официјално се објави дека Јувентус има нов тренер, ја открива „тројката“ која е „виновна“ за трансферот на Маурицио Сари во редовите на „црно – белите“. Тоа се македонскиот менаџер Фали Рамадани, инаку агент на Сари, потоа Фабио Патричи, директорот на Јуве и Марина Грановскаја, соработничката на Роман Абрамович. Тие имале во неколку наврати имале состаноци во Милано и Лондон, кои како што сега се гледа, вродиле со плод.

Но мора да додадеме дека улога одиграла и желбата на Сари да се врати во татковината, меѓутоа тоа не можел да го направи сам поради договорот со лондончани. Па тука се вклучиле македонскиот менаџер и спортскиот директор на Јувентус кои ги решиле работите со „сините“ од Лондон.