Полека, но сигурно се забревтува летниот преоден рок, иако истиот официјално стартуваше вчера. Па така како што дознаваме Брегалница веројатно ќе се засили со Пепи Георгиев, еден од најдобрите фудбалери на Беласица и прв стрелец минатата сезона. Ова ќе биде големо, екстра засилување за „сините“.

Кристијан Костовски се враќа во Силекс каде што и беше пред извесно време. Офанзивецот откако малку се наигра изминатата сезона во дресот на својот матичен клуб Македонија ЃП, сега како слободен играч заминува во Кратово. Благоја Спиркоски, еден од најталентираните млади играч на Победа доаѓа во Ѓорче. Тиквеш исто така ќе се засили со квалитетен напапач, тоа е Димитар Иванов, некогашниот фудбалер на Металург, Вардар, Силекс кој изминатава сезона ја мина во Кожуф.