По одигрувањето на последното коло од квалификациите, денеска стана познато кои ќе бидат сите учесници на престојното европско првенство. Пласман на шампионатот во Австрија, Норвешка и Шведска, за првпат обезбедија 24 репрезентации, со што во јануари ќе го имаме досега најбројниот европски шампионат. Македонија го потврди пласманот и како првопласирана од групата обезбеди место на шампионатот. Прво учество на ЕП ќе има и селекцијата на Босна и Херцеговина, која го комплетира екс-југословенскиот список на учесници, затоа што во јануари на континенталниот собир ќе ги гледаме и Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

Во продолжение, комплетниот список на учесници на ЕП 2020:

Aвстрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Летонија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Русија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Украина.