Навистина што се случува во Ренова?! Џелил Абдула не е повеќе фудбалер на Ренова. Иксусниот дефанзивец и лев бек, раскина со тимот од Џепчиште и сега е слободен играч.

Тој е четвртиот фудбалер досега кој за само една недела си заминува од редовите на „гипсарите“. Претходно од клубот си заминаа Матија Кобетиќ, Емран Рамадани кој потпиша за Струга Трим Лум и Башким Велија. Инаку кога сме кај Ренова да кажеме дека најверојатно нов стратег на „гипсарите“ ќе биде Џенгис Реџепи, откако челниците на клубот не се договорија со Никола Илиевски – Џиџи.