Капитенот Кирил Лазаров е најдобриот стрелец во нашиот национален тим и во шестте одиграни натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020 има постигнато 43 погодоци. Ваквата статистика го смести на третото место на топ-50 листата во циклусот.

Лазаров со исклучок на гостувањето во Рејкјавик на останатите пет дуели беше прв стрелец за Македонија.

Лидер е бекот на Швајцарија, Андре Шмид со 54 погодоци, додека на второто место е италијанскиот репрезентативец Деан Турковиќ (44).

Покрај Лазаров на оваа листа се најдоа уште двајца македонски репрезентативци. Бекот Филип Талески, кој има 29 погодоци, како и крилото Гоце Георгиевски, кој квалификациите ги заврши со 23 гола.