Австриската федерација денеска потврди дека квалификацискиот натпревар помеѓу Австрија и Македонија, ќе се игра во Виена, на најголемиот стадион во таа земја „Ернст Хапел“. Тоа е легендарен стадион на кој во 2008 се одигра финалето на Европското првенство, а тука се играше и финале во Лигата на шампионите.

Иако беа во комбинација неколку стадиони (Грац, Салцбург), сепак, австриската федерација одлучи, и дуелот против Израел да се играат на „Ернст Хапел“, додека натпреварот против Летонија ќе се игра во Салцбург. Против Словенија Австријците играа во Клагенфурт.

Ернст Хапел е стадион со капацитет од 68.500 места. Изграден е во далечната 1931, реновиран во 1986 и малку во 2006 година, за потребите на ЕП. Таму се играше финалето од ЛШ 1995 година помеѓу Ајакс и Милан (1:0), претходно финалето во Купот на УЕФА 1994, финалето ЛШ 1990 (Милан – Бенфика 1:0), финале ЛШ 1987 (Порто – Баерн 2:1), финале КЕШ (Интер – Реал М. 3:1) во 1964.

Оваа информација ја потврди и австриската федерација. До вчера стоеше дека и натаму не е одредено, но од денеска стои дека мечот со Македонија ќе се игра во Виена.

Дуелот се игра на 16.11.2019 во 20:45 часот.