Македонската репрезентација завери ново учество на едно големо натпреварување. Нашите ракометари следната година ќе бидат дел од Европското првенство кое ќе се игра во три држави: Австрија, Норвешка и Данска. Билетот на континенталното натпреварување го потврдија како првопласирани во својата група во која се најдоа Исланд, Турција и Грција.

На последната седница на Управниот одбор претседателот на РФМ, Живко Мукаетов најави дека премијата за прво место во групата ќе изнесува 40.000 евра. Со оглед на сите услови кои првиот човек на нашата „куќа на ракометот“ им ги пружа на репрезентативците, како и премиите наназад, сигурни сме дека наскоро оваа сума на пари наскоро играчите ќе ја поделат.

Македонија е дел од вториот шешир во пресрет на ждрепката за ЕУРО 2020 на 28 јуни, сите детали може да ги прочитате на овој ЛИНК.