Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари денеска пристигнува во Торино. Тој денеска ќе биде преставен пред медиумите, по што оди да си бара куќа во градот, но и да разговара со челниците на тимот околу новите засилувања кои би ги посакал во тимот.

Според информациите, првично Сари соопштил дека бара гаранции дека ова лето ќе добие еден играч од светска класа во средниот ред, како и по еден дефанзивец и напаѓач. Од шпекулациите во медиумите станува јасно дека први желби на Сари се Пол Погба од Манчестер Ј., Маркињос од ПСЖ и младиот италијански репрезентативец Киеза од Фиорентина.

За Погба е јасно дека нема да го добие, бидејќи Јунајтед не сака да го продаде по никоја цена, па како алтернатива веројатно ќе бидат Ндомбеле од Лион и Миликовиќ-Савиќ од Лацио. Сепак, останува да помине првото запознавање со новиот клуб, пред да се видат првите таргет-мети на новиот тренер на италијанскиот првак.