Манчестер Јунајтед е подготвен да направи рекордна понуда за англискиот репрезентативен стопер од екипата на Лестер, Хари Мегваер само за да го добие неговиот потпис ова лето. Во очај да донесат нов дефанзивец, првите луѓе на клубот се подготвени дури и да го урнат рекордот за најскап дефанзивец.

Според „Манчестер Ивнинг Њуз“, раководството на Лестер нема проблем да се раздели со Мегваер, но доколку од „Олд Трафорд“ платат 90 милиони фунти. Ако ова се случи, Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во светот.

Во моментов рекордот го држи трансферот на Вирџил Ван Дајк, за кого Ливерпул на Саутемптон лани му плати 75 милиони фунти.