Не постои шанса Герет Бејл да си замине од Реал како позајмен играч. Ова е она што го потврди агентот на фудбалерот, Џонатан Барнет во изјава за „Скај Спортс“.

Големата трансфер цел на Реал Мадрид полека се претвори во кошмар за сите во клубот. Велшанецот веќе не му е потребен на Зидан, но клубот нема начин како да се ослободни од него, а да не отиде во голема загуба.

„Не постои начин на кој Герет може да замине на позајмица. Има поголеми шанси да се оболожиме на некоја коњска трка и да добиеме, отколку тој да оди на позајмица. Очигледно, неговата ситуација во Реал не е подобрена“, изјавил Барнет.

„Покрај тоа, јас не мислам дека тој самиот сака да си оди. Има убав живот и дом во Шпанија. Мислам дека ќе биде потребна ексклузивна понуда за да го натера да си оди, но тоа некако не ми изгледа реално“, завршил агентот на фудбалерот.