Ждрепката во Нион не му беше наклонета на шампионот на Босна и Херцеговина Сараево кој во првото квалификациско коло доби силен противник. Крсте Велкоски и неговите колеги за место во следната фаза ќе се борат со моќниот Селтик, најтрофејниот шкотски клуб (50 пати шампион на Шкотска, 39 пати освојувач на ФА Купот…) и европски првак од 1967 година.

Сараево прво ќе гостува на „Селтик парк“ на 9 или 10 јули, а реваншот ќе го игра на „Кошево“.

Другиот наш интернационалец Стефан Спировски со својот Ференцварош доби незгоден противник. Македонскиот репрезентативец ќе гостува во Бугарија, против тамошниот шампион Лудогорец.

Српскиот првак Црвена Звезда за ривал ја доби Судува од Литванија, истиот ривал од 2.квалификациско коло минатата година кога го победи со вкупни 5:0.

 

1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО НА ЛШ

НОМЕ КАЛЈУ (Ест) – ШКЕНДИЈА (Мкд)

СУДУВА (Лит) – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (Срб)

АРАРАТ (Ерм) – АИК (Шве)

АСТАНА (Каз) – ЦФР КЛУЖ (Ром)

ЛУДОГОРЕЦ (Буг) – ФЕРЕНВАРОШ (Унг)

 

ПАРТИЗАНИ (Алб) – КАРАБАХ (Азе)

СЛОВАН (Свк) – СУТЈЕСКА (Ц.Гора)

СЕЛТИК (Шко) – САРАЕВО (БиХ)

ШЕРИФ (Мол) – САБУРТАЛО (Гру)

ДУДЕЛАНЖ (Лук) – ВАЛЕТА (Млт)

 

ЛИНФИЛД (С.Ирс) – РОЗЕНБОРГ (Нор)

ВАЛУР (Исл) – МАРИБОР (Сло)

ДАНДАЛК (Р.Ирс) – ФК РИГА (Лет)

ЊУ СЕИНТС (Вел) – Победник од претквалификации

ХЕЛСИНКИ (Фин) – ХБ ТОРШАВН (Ф.Ост)

БАТЕ (Блр) – ПИЈАСТ (Пол)