На трката на 110 метри со прекреки од рамките на „Дијамантската лига“ во Рабат победи рускиот атлетичар Сергеј Шубенков. Тој е светски и трикратен европски шампион, а во Рабат победи на споменатата трка на неверојатен начин.

Русинот заостануваше во првите неколку метри, поточно беше зад тројца-четворица ривали, но како што се приближуваше кон целта  така беше се подобар. Во финишот влезе во борба со Јамајканецот Омар Маклеод кој беше блиску до победата меѓутоа се сопна и падна и во падот го сопна и Шубенков, но тој умешно се испружи колку што е долг и мина прв низ целта пред другите конкуренти да го поминат.