Според Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), јужноафриканската атлетичарка Кастер Семенја, според биолошките карактеристики е “машки спортист со женски пол”. Оваа констатација се наоѓа во документацијата која ИААФ ја достави до меѓународниот спортски трибунал во Лозана.

Биолошките карактеристики на спортист од машки пол кои ги поседува Семенја беа еден од главните аргументи на ИААФ за воспоставување на нови правила за жени кои природно имаат високи нивоа на тестостерон.

ИААФ наложува овие спортистки да користат лекови за да ги намалат нивоата на тестостерон. Со ова ќе се намали нивната физичка доминација и ќе се вратат во рангот на припадничките на женскиот пол. Семенја, пак, се жали до Судот во Лозана поради новите правила на ИААФ, кој се уште нема изречено конечна пресуда.

Во очекување на конечна пресуда, Јужноафриканката ќе може да учествува на натпревари без употреба на лекови.