Трите македонски претставници во Лигата на Европа ги добија противниците во првото квалификациско коло.

Освојувачот на Купот на Македонија Академија Пандев за ривал го доби Зрински од Мостар шесткратен шампион на Босна и Херцеговина, а минатата сезона заврши на второто место на табелата во домашното првенство.

А Македонија Ѓорче Петров ќе патува дури во Ерменија да се пресмета со локалниот Алашкерт од Ереван, трикратен шампион на својата држава (2016, 2017 и 2018).

Шкупи за ривал го доби добро познатиот наш крвник Пјуник кој нема елиминација од македонски тимови. Претходно ги исфрлуваше Победа, Тетекс и Вардар.

Првите натпревари се играат на 11 јули, а реваншите на 18 јули.

 

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (Мкд) – ЗРИНСКИ (БиХ)

ПЈУНИК (Ерм) – ШКУПИ (Мкд)

АЛАШКЕРТ (Ерм) – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. (Мкд)