Македонската фудбалска ѕвезда, Горан Пандев, како основач на Академија Пандев денеска беше интересен за босанските медиуми, кои побараа мислење од него за првиот противник на Академија Пандев, екипата на Зрински, во премиерното коло од Лигата на Европа.

„Од сите можни противници во 1. коло од квалификациите за УЕФА Лигата на Европа најмногу посакував да го добиеме Зрински. Веруваме дека нешто може да направиме против клубот од Мостар. Секако дека го респектираме противникот, но верувам во нашите млади момци. Горд сум на нив, бидејќи го освоија Купот на Македонија оваа сезона, што е историски успех за нашиот клуб“, изјавил Пандев за агенцијата Анадолу.