СУПЕР ЖДРЕПКА. Номе Калку е првиот ривал на тетовци. Шкендија првиот меч го игра на гости (9/10 јули) а потоа дома (16/17) јули. И овој податок говори дека нашиот шампион мора, ама баш мора да оди натаму. Утре ќе видиме кој е можниот ривал на Шкендија во 2.квалификациско коло. Етсонците веројатно ќе бидат само загревање за нашата Шкендија.

Номе Калју, барем според ТРАНСФЕРМАРКТ вреди околу 4.5 милиони евра. Двапати досега бил шампион на својата земја, во 2012 и 2018 година. Капитен им е Масимилајано Уге, дефанзивец кој некогаш играл за Монца, Судува а потекнува од школата на Интер. Инаку стратег им е Роман Кожухковски. Имаат Бразилец, Французин, Чилеанец.

Сепак далеку е сето тоа од класата на Шкендија. Немаа којзнае колкаво европско искуство. Успеале да ги минат екипите на Хелсинки (2013), Фрам (2014), Актобе (2015), Тракаи (2016), Торшавн (2017). Сепак ова покажува дека тимот на Номе Калју не смее да се потцени. Играат на стадион „Хиу“ кој собира само 650 гледачи.