Веќе два дена нашиот шампион се наоѓа на подготовки во Словенија, во познатиот туристички центар Крањска Гора, а сместен е во комплексот Рамада. Се одработуваат првите тренинзи а веќе утре следува првата контрола со НК Олимпија. Денеска попладне Шкендија чека добри вести од Нион, каде ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло за ЛШ. Инаку ново е тоа што синоќа Шкендија го ангажираше десниот бек Меџит Незири, некогаш фудбалер на тетовските „црвено – црни“ кој по пауза од шест години се враќа во својот матичен клуб. Претходно играше за Ренова, Дачија и Вентспилс.