По една сезона мината во екипата на Славија од Софија, некогашниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски, кариерата ја продолжува во Романија. Според информациите, Ашковски ќе биде нов член на романскиот прволигаш Ботошани, кој оваа сезона ја заврши во дониот дел од табелата, но доволно далеку за да го обезбеди опстанокот во елитата.

Ашковски потпишува двегодишен договор со Ботошани што за него ќе биде едно ново искуство. Досега во својата кариера 27-годишниот лев бек настапуваше во голем број првенства низ Европа, но не и во Романија.