Со денешната победа од 5:1 против Фортуна, меч кој се одржа на Градскиот стадион во Тетово, екипата на Вардар Форино и официјално стана член на Втората Лига – Запад. Го пополни испразнетото место во оваа конкуренција. Претходно екипата од Форино со 2:1 го совлада Влазними, што значи освои шест бода во таа мини бараж лига во која учествуваа второпласираните екипи во Северниот, Западниот и Југозападниот регион. Да споменеме и тоа дека Влазними со 3:1 ја победи Фортуна. Е па така е тоа, лани Вардар Форино за влакно не успеа да оди ранг погоре поради поразот од Генч Калемлер, сега оваа екипа испадна во Трета лига а Вардар Форино ќе игра во Втората Лига – Запад.