Само што дојде на едно од раководните места во екипата на Милан, Хрватот Звонимир Бобан веќе договори едно хрватско засилување за „росонерите“. Денешните информации велат дека Андреј Крамариќ е на чекор до потпишување договор со миланезите.

Германската телевизиска платформа „Скај“ јави дека Крамариќ ги договорил личните услови од договорот со Милан и дека сега се останува во рацете на Бобан, кој треба да допатува во Германија на завршни преговори со преставниците на Хофенхајм.
„За Крамариќ има интерес од Милан, но и од половина Европа. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Европа во моментов“, изјави неодамна агентот на фудбалерот, Винченцо Кавалиере.

Се шпекулира дека цената која Милан би ја платил за Крамариќ е околу 30 милиони евра, плус бонуси.