Денеска во Нион беа одредени паровите за 2.квалификациско коло во Лига Европа, со тоа и нашите екипи ги дознаа противниците доколку успешно по поминат 1. коло. Па така освојувачот на Купот на Македонија Академија Пандев доколку биде подобар од вицепрвакот на БиХ Зрински за противник во следното коло ќе го има холандскиот Утрехт. Се работи за екипа која минатата сезона ја предводеше славниот Дик Адвокат, а е трикратен освојувач на Купот на Холандија, и уште толку пати има играно во финалето (последен пат во 2016).

Македонија Ѓ.П. ако го помине Алашкерт за ривал во следното квалификациско коло ќе го има подобриот од ФСЦБ и Милсами. Да потсетиме ФСЦБ е поранешна Стеауа Букурешт, некогашен европски првак (1986 год) и 26-кратен романски шампион. Јасно, Романците се големи фаворити против молдавскиот освојувач на Купот.

Стеауа двапати се соочуваше со македонски екипи во европските купови. Во 2013 година, поточно во квалификациите за ЛШ го елиминира Вардар со две победи: 3:0 во Букурешт и 2:1 во Скопје. Против Слога Југомагнат во квалификациите за ЛШ во сезоната 2001/02 ги го елиминира нашиот тим со две победи: 1:3 и 0:3.

А Шкупи доколку го урне Пјуник во втората рунда од квалификациите ќе се пресмета со чешкиот Јаблонец. Oваа екипа играше во финалето на чешкиот куп и изгуби од Славија со 3:1, додека во првенството заврши на четвртата позиција.

Првите натпревари во оваа фаза ќе се одиграат на 25 јули, а реваншите на 1 август.

ЛИГА ЕВРОПА – 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО 

УТРЕХТ (Хол) – АКА.ПАНДЕВ/ЗРИНСКИ

МАКЕДОНИЈА Ѓ.П./АЛАШКЕРТ – ФЦСБ (Ром)/МИЛСАМИ (Мол)

ПЈУНИК/ШКУПИ – ЈАБЛОНЕЦ (Чеш)