Агим Ибраими добро знае како треба со Селтик. Еден од најдобрите играчи на Шкендија во 2014 година бил пред трансфер во Селтик, оваа иформација е објавена на 27.08.2014  година, откако Агим со својот Марибор успеа да го елиминира големиот шкотски клуб и тоа со триумф на гости од 1:0. Агим во 2016 година како играч на Астана среде Глазгов му даде гол на Селтик, но за негова жал сепак не успеа да се пласира понатаму со тимот од Казахстан. Тој гол бил вистинско ремекд дело, со прекрасен шут од далечина, од повеќе од 30 метри.

 

Овие два меча со Селтик, секако евентуални ако Шкендија го мине естонскиот тим Номе Калју, се играат на 23/24  и 30/31 јули. Првата средба се игра во Глазгов, а втората во Скопје.