Најдобриот голгетер во македонскиот шампионат Баже Илијоски објави дека ја завршува кариерата. Тој реши да се повлече после 17 години во професионалниот фудбал во кој помина низ бројни клубови како во Македонија така и во странство.

Баже со 146 голови е прв стрелец на вечната листа на македонскиот клупски фудбал, а последен клуб му беше Работнички истиот оној во кој ја почна кариерата, а играше уште за Металург и Пелистер, а потоа во Романија, Јужна Кореја, Тајланд, Малезија…

„ Сакам да се заблагодарам на сите што изминативе години беа со мене во текот на мојата фудбалска кариера , на сите мои соиграчи , тренери , судии , новинари …. Посебна благодарност до сите клубови којшто ми дадоа шанса да бидам дел од нивните истории и до сите оние со којшто заедно се радувавме и жалевме … Голема благодарност до моето семејство кое постојано беше покрај мене и кога ми беше најдобро и кога ми беше најтешко… Посебна благодарност до мојот РАБОТНИЧКИ којшто ме научи што значи да се сака и живее за успех и фудбал … Голема Благодарност до фамилијата Костовски и фамилијата Поповски кој што ме прифатија како нивно дете и ја држеа вратата отворена секогаш за мене … мислам дека е време да им го отстапиме местото на помладите фудбалери, желни за успех … На сите ви посакувам многу здравје и уште поголеми успеси !!! “, напиша Илијоски кој има и 13 настапи за македонската фудбалска репрезентација.