Раководството на ЛА Лејкерс е уверено дека ќе може да преговара за договор со кошаркарот на Филаделфија, Џими Батлер или со најдобриот кошаркар на шампионот Торонто, Каваи Леонард, веднаш по отворањето на пазарот за слободни агенти.

Се очекува дека на 30 јуни двајцата играчи ќе станат неограничени слободни агенти, што им дава шанса на Лејкерси да тргнат во формирање ѕвезден тим кој следната сезона ќе се врати во трката за титулата. Според извештаите на медиумите, главните претенденти за Леонард се неговиот сегашен клуб Торонто, но во игра влегува и другиот тим од Лос Анџелес, популарните Клиперс.