Нејмар инсистира на враќање во Барселона, а и каталонците се расположени да го видат Бразилецот назад во своите редови. Според пишувањата на шпанскиот печат, Меси лично побарал да го добие повторно Нејмар за партнер во нападот, што е доволен сигнал за управата на каталонскиот тим да почне разговори со агентот на фудбалерот, кој јавно посочил дека не е среќен во Париз.

„Ел Мундо“ тврди дека капитенот на Барслеона, Лионел Меси, побарал лично од претседателот на клубот, Хозеп Мариа Бартомеу да го врати Нејмар на „Камп Ноу“. Во информацијата се вели дека Барселона размислува во целата работа да го вклучи и Гризман, со кој веќе имаше постигнато договор. Во тој случај, Гризман би завршил во ПСЖ, а Барса би го добила Нејмар.