Офанзивецот од Бразил Серџио Антонио Да Луиз, требаше да биде едно од засилувањата ова лето во Вардар.

„СПОРТМЕДИА“ дознава дека трансферот бил пред реализација, но ништо од тоа. А се знае и зошто, само поради забраната на ФИФА за трансфери на Вардар во следните два преодни рока. Па така сега Серџио најверојтно и следната сезона ќе го носи дресот на Шкупи.

Бразилецот е еден од најдобрите напаѓачи во Првата лига, тој себе си се промовира како таков и во дресот на Работнички. Да, секако дека ќе беше големо засилување за Вардар, ама ќе беше.