Милан го назначи новиот тренер, а тоа е Марко Џампаоло кој потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една и доаѓа на местото на Џенаро Гатузо.

Милан објави дека Џампаоло ќе почне со работа на 1 јули, а инаку се работи за добро познато тренерско име во Италија. Тој доаѓа од редовите на Сампдорија, а претходно ги тренираше Емполи, Кремонезе, Бреша, Чезена, Катанија, Сиена, Каљари, Асколи…

Џампаоло е точно 60-тиот тренер на клупата на Милан, а осми по заминувањето на Масимилијано Алегри во јануари 2014 година.

А Милан пред да го назначи Џампаоло за тренер, направи рокади на раководните позиции. Па така Паоло Малдини е новиот технички директор, а Звонимир Бобан е нов спортски директор.

Инаку тој е роден во Швајцарија, а пред да почне самостојна тренерска кариера во Асколи учеше од Џовани Галеоне, Еди Реја, Карло Мацоне и Нерео Роко.

Како што е познато Сампдорија на негово место го донесе Еузебио ди Франческо.