Џејмс Родригез од следната сезона ќе го носи дресот на Наполи. Колумбијскиот фудбалер во редовите на италијанскиот тим ќе дојде како позајмен играч за сума од 10 милиони евра.

Наполи ќе има обврска следното лето да го откупи Родригез и да му доплати на Реал Мадрид уште 40 милиони евра.

Во првата година Родригез ќе заработува шест милиони евра, неговата промоција ќе биде закажана по завршување на Копа Америка.