Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е пуштен од притвор, открива „France Football“.

Легендарниот француски фудбалер вчера беше уапсен поради обвинувањата за корупција и учество во илегални работења при бирањето на домаќинот на Светското првенство за 2022 година.  На општо изненадување домаќинството го доби Катар.

„Сега се е позади мене“, изјавил кратко Платини откако излегол од притвор.

Тој би испрашуван доцна синоќа и за доделувањето на СП 2018 година, како и за она што допрва доаѓа во 2022 година.

Според „L’Equipe“ Платини и претходно бил испрашуван поради корупција.