Претставниците на Прволигашите денеска во масовен број се појавија на Конференцијата на клубови, на која беше предвидено да зборуваат за новата сезона, но истата не се одржа.

Прволигашите беа децидни и останаа на ставот од пред една недела, односно дека бараат еднаков третман со суперлигашките клубови и тие да влезат во распределбата на ваучери кои се од АМС, или во спротивно нема да бидат дел од системот на натпреварување на РФМ.

Тие очекуваа дека претставник од АМС или од РФМ ќе дојде и ќе им даде објаснување за целата ситуација со оглед на тоа дека на последната средба на претставниците со АМС во РФМ им било кажано дека до конференцијата со клубовите тие ќе добијат некои одговори.

Бидејќи не добија никаков одговор за нивната ситуација, претставниците воопшто не сакаа да дискутираат за Лигата и првенството и го напуштија состанокот.