Еден од новитетите од новата сезона кои ќе се однесуваат и на женските и на машките клубови кои не претставуваат во европските клупски купови се дека прво ќе мора да мислат на домашното првенство, а потоа на Европа.

Новото правило вели дека екипите кои играат во било кој европски куп мораат максимум 14 дена пред закажаниот европски натпревар да одиграат меч од домашно првенство. Секако тоа ќе го направат во договор и согласнот на противничка екипа и РФМ.

Ваквата промена се воведува за да не се одложуваат до бесконечност натпреварите од домашното првенство на сметка на обврските на меѓународната сцена, што истовремено во еден период создава и пренатрупаност на националното натпреварување.