Јувентус и мајката на Адриен Рабио се договориле за условите од личниот договор на фудбалерот. Веста дојде денеска, откако во текот на изминатите денови преставнциите на двете страни беа во интензивни преговори.

Според информацијата, Рабио ќе потпише петгодишен договор со Јуве за плата од 7 милиони евра по сезона, плус бонус за потпишување кој ќе изнесува 10 милиони евра.

Сегашниот договор на Рабио со шампионите на Франција завршува на 30 јуни. Играчот ќе стане слободен агент на 1 јули, веќе долго врем епреговара со заинтересираните клубови за негов потпис. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговите услуги, но се чини дека Англичаните никогаш и немаа сериозни разговори со него.