Нашиот најдобар одбојкар и капитенот на одбојкарската машка репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, во следната сезона ќе го носи дресот на германскиот клуб Фридрихсхафен.

По една сезона мината во Јапонија, коректорот одново се враќа на европско тло, односно во најсилната германска лига.

Во интернационалната кариера на Ѓоргиев ова е седма дестинација, со оглед на тоа дека претходно има настапувано за Раднички Крагуевац (Србија), Форли (Италија), Малије Мили Пјанго (Турција), Париз Волеј (Франција), Торај и Осака Блејзерс (Јапонија), како и Онико Варшава (Полска).