Фудбалерот на Академија Пандев, Диме Димов, ден по непријатната случка во пријателскиот меч со Берое на подготовките во Банско (си го голтнал јазикот по еден дуел со противнички фудбалер, но брзата интервенција на лекарскиот тим му го спасила животот), се чувствува подобро, но е на строго мирување.

Димов им се заблагодари на сите кои се со него во овие тешки моменти и од кои има неизмерна поддршка.

„Им благодарам на сите за поддршката што ми ја дадоа во моментите кога ми беше најтешко. За лекарските тимови на Славија Софија, Берое Арда и нашиот доктор, Иван Јовановски Карас… за целиот мој тим, кој е со мене и за сите други кои ми дадоа поддршка мене и на моето семејство“, изјави за СПОРТМЕДИА, Диме Димов.