Синоќа во Охрид започна петтиот камп на најдобриот македонски ракометар „Кирил Лазаров 7″. Како и секоја година стручниот тим на кампот се погрижи за идеални услови, експерти од светот на ракометот и многу гости.

Светскиот првак со германската репрезентација, Доминик Клајн, кој до минатата сезона настапуваше со нашиот Лазаров во Нант вечерва пристигна во Охрид и беше пречекан од нашата легенда. Најмладите се фотографираа со Клајн, а од денес ќе имаат можност работат со него.

На кампот учествуваат и неколку познати ракометни имиња како Марковски, Ангеловски, Бошковски, Матлиевски, Коцевска…