Бруклин Нетс скоро сигурно ова лето ќе го добие кошаркарот на Бостон Селтикс, Кајри Ирвинг. Откако се појавија шпекулациите за негово заминување од Бостон, денеска стигнува и потврда дека „дилот“ е договорен.

„Трансферот на Ирвинг во Бруклин е веќе решен проблем”, изјавил извор за американските медиуми.

Претходно стана јасно дека Кајри одби да остане уште една сезона во Селтикс. Според некои информации, Лос Анџелес Лејкерс и Њујорк Никс, исто така, го следат Ирвинг.