ФК Трепча после 17 години ќе игра во Српската лига (третиот по ранг во Србија), а веста што клубот се пласира во повисок ранг на натпреварување ги воодушеви жителите не само на Косовска Митровица туку сите љубители на фудбалот од Косово.

„Сонот стана јаве. Она што малку кој веруваше сега се оствари. Новото раководство имаше цел да се пласира во повисок ранг и враќање на клубот на старите патеки“, соопшти фудбалскиот клуб.

Трепча е српски фудбалски клуб од северниот дел на Косовка Митровица. До 1999 година постоел само еден ФК Трепча во Косовска Митровица, но по воениот конфликт албанската и српската страна се поделиле и формирале одвоени клубови со исто име.

Постарите фудбалски љубители сигурно се сеќаваат на оваа Трепча. Се работи за еден од најстарите клубови од Косово и Метохија кој редовно настапуваше во Втората лига на поранешна СФРЈ, една сезона и во првата лига на поранешна Југославија, а исто така играше и финале на Купот на СФРЈ во 1978 година.