Францускиот Олимпик Марсеј куртули од сериозна казна но, сепак, ќе мора да плати финансиски надоместок поради нарушувања на финансискиот фер-плеј. Раководните луѓе на клубот од „Велодром“ се договорија со УЕФА да платат два милиони евра во вид на компензација, односно договорено е да не добијат бонуси од настапот во Лига Европа во новата сезона. Исто така постигнат е договор според кој УЕФА ќе му блокира на францускиот клуб уште четири милиони евра од наградните фондови доколку не бидат исполнети пропишани правила до јуни 2021 година.

Марсеј кој лани играше во Лига Европа мора да покаже максимален минус од 30 милиони до крајот на 2020 година, а веќе наредната година да биде на нула.

Романскиот ЦФР Клуж и казахстанскиот Кајрат исто така се договорија со УЕФА за минимална финансиска казна со услов да ги средат финансиите.